ООУ „Никола Карев“ Кочани периодов изврши преуредување и дооопреување на училницата за целодневен престој на ученици во кочанското основно училиште.
Станува збро за набавка на нов мебел, нагледни средства и друштвени игри кои ќе ги користат учениците кои го посетуваат целодневниот престој во училиштето.
– Училницата доби целосно нов лик со преуредувањето и доопремувањето на истата. Училиштето набави нови клупи и столчиња, нагледни средства за учениците, друштвени игри. Ѕидовите на училницата целосно беа преуредени со најразлични насликани мотиви,а променети се и завесите во училницата. Целта е да направиме нашите ученици да се чуствуваат пријатно во средината каде учат и да им овозможиме подобри услови за престој – истакна Александар Андов, директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.