Приведени две лица при обид за тешка кражба во Усова Чешма

Вчера, (14.04.2021), полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.В.(26) од Кочани и 15 – годишен малолетник, затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани.

По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели: