Приведени крадци од Кочани, расчистени 14 кривични дела

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска (16.02.2023) ги лишија од слобода А.М. (29) од Кочани и С.Р. (20) од Кочани, а извршен е и службен разговор со малолетник, поради основано сомнение дека тројцата извршиле 12 тешки кражби и две кражби на подрачјето на Кочани. Тие во службен разговор ги признале делата извршени во обложувалница, аптека, фирми, куќи, возила…

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели: