Приведено лице во Кочани, полицијата пронашла кеса со марихуана

Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа во 19.15 часот, го лишиле од слобода С.С.(48) од Кочани.

При преглед во возилото „опел астра“, со бугарски национални ознаки кое го управувал, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: