Полициски службеници од Полициската станица – Кочани вчера привеле 37 – годишник од Кочани по кого била распишана потерница за сторено кривично дело, кражба и одземање на моторно возило.
Како што информираат од СВР Штип:
„На 19.07.2021 околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани, врз основа на распишана потерница, го привеле А.Т.(37) од Кочани, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“. По приведувањето, А.Т. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Струмица за издржување на казната“, стои во соопштението од полицијата.
Извор: Дневен билтен на СВР Штип