Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал ги привршува подготовките за почетокот на 59. издание на фестивалот во Кочани.
На јавниот повик за пријавување и избор на претстави на годинешново издание пристигнати се 16 претстави. По прегледот на пристигнатиот материјал од страна на селекторот, Управата на Драмски аматерски фестивал ги објави претставите кои се избрани за настап:
Претстава | Театар |
„Како да се ограби банка“ | ЈОУ Дом на култура „Македонија“, Гевгелија |
„Приказна за волшебната шума“ | Дом на култура „Иван Мазов Климе“, Кавадарци |
„Тирамису“ | Театарска школа „Фабрика за мечти“ при Интимен Театар Битола |
„Мисури“ | Театар Лево – Установа културе града Београда АКУД „Лола“ – Белград, Р. Србија |
„Пола пола“ | „Аматерско позориште Хранислав Драгутиновиќ“ – Дом културе „Радивој Увалиќ Бата“ – Прокупље, Р. Србија |
„Раѓање“ | АП „Бранислав Нушиќ“ – „Културно образовни центар Шид“- Шид, Р. Србија |
„Гласови“ | Отворена сцена „Театар Чекори“ – Скопје |
„Тој и Таа“ | Театарска Група „Годо“, Кочани |
„Кој се фали ќе зажали“ | „Тинтири Минтири“ – Скопје |
„Ништо не е страшно“ | Центар за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ – Скопје |
„Самоубиство во самоодбрана“ | Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје |
„Ноќите во бел сатен“ | Аматерски театар при Дом на култура „Мирка Гинова“ – Демир Капија |
„За нашиот Горан“ | Актерска школа на Весна Бејби Петрушевска, КМК Продукција & МНТ – Скопје |
Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели.
На фестивалот ќе биде прикажана претставата „Тој и Таа“ од Театарската група „Годо“ – Кочани.
Фестивалот започнува на 22 мај.