Во завршна фаза е изградбата на две улици во општина Чешиново-Облешево и тоа ул„Александар Македонски“ во Чешиново и ул„Едвард Кардељ“ во Облешево. Фирмата изведувач ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт-Скопје деновиве започна со финализирање на изградбата на двете улици кои се со вкупна должина од 338метри.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени дел од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој и дел од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево. Вкупната вредност за изградба на улиците изнесува 2.971.281,00 денари со пресметан ДДВ.