Привршува изградбата на детската градинка до карабина

Новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани се подготвува за втора плоча. Претходниот период се работеше на последната меѓукатна конструкција. Стручните служби во Општина Кочани вклучени во надзорот, соопштуваат дека изградбата на карабината е во завршна фаза.

Градинката е проектирана на две нивоа, со вкупно шест занимални, дистрибутивна кујна, две заеднички, таканаречени дневни соби поврзани со тобоган. Таа ќе биде од отворен тип со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Во игралиштето ќе има рингишпил, јажиња, ѕидови за качување и тактилна патека. Објектот ќе има најсовремена фотокаталитичка фасада која ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во околината од смог и загадување.

Кочани е една од првите општини во државата каде што се гради нови детска градинка со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца.

Изведувач на работите е Заедничко вложување „ВИА инженеринг“ – Вевчани, „Дрво пром“ – Мородвис и „Промонтинг“ – Скопје, а главен надзор е „Геинг“ од Скопје.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial