Градоначалникот на Општина
Чешиново-Обелшево Горанчо
Крстев, денес изврши увид на градежните работи за
изградба на канализационата мрежа во село Бања.
Фирмата изведувач на градежните работи „Коп Инженеринг“ моментално работи на последната фаза од
изградбата,односно се санираат оштетувањата направени при
изградбата со поставување на нова асфалтна маса.
Проектот е финансиран преку Програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ,односно за изградба на канализационата мрежа обезбедени се скоро 25 милиони денари.
Општина Чешиново-Облешево