Реконструкцијатата на Трговскиот центар е на самиот крај.На парцелите со земја се засадени осумдесет садници од видот туја, донација од Ротари клубот Кочани-Виница.
Претстои вградувањето на подните ЛЕД-светилки и рефлектори и поставувањето на комуналната и на урбаната опрема. Со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар е опфатена површина од 2 800 метри квадратни. На местото на отстранетите бетонски плочки се поставија гранитни, нелизгави плочки.
Трговскиот центар, како една од најпрометните пешачки зони во Кочани доби на поголема слобода во просторот и нов урбан амбиент.