Прием на крводарители во Општина Чешиново – Облешево по повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст во Р. Македонија и Денот на крводарителите

По повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст во Р. Македонија и Денот на крводарителите, претставници од ОО на Црвен крст – Кочани и крводарители од општина Чешиново – Облешево одржаа средба со градоначалникот на Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов.

На средбата, од страна на градоначалникот Ангелов беше изразена благодарност до крводарителите како пример за хуманисти во општеството, при штo ја искористи приликата да ја потенцира улогата на крводарителите во обезбедувањето на доволно количество на крвни резерви.

ОО Црвен крст – Кочани ја истакна заложбата на организацијата за продлабочување на соработката со локалната самоуправа на Чешиново-Облешево во ралични аспекти на програмското работење на Црвениот крст, пред се со акцент на крводарителството.

По повод 77 години од основањето на Црвен крст на Р. Македонија и Денот на крводарителството, вчера претставници на Црвен крст – Кочани и повеќекратни крводарители остварија средба и со градоначалниците на општините Кочани и Зрновци.

Сподели: