„Приказни од ‘петка’ “ – промовирана збирката раскази на авторката Соња Драгољуб Гиздавиќ

Во Салон Фоаје 1 на Центарот за култура „Бели Мугри“ вечерва беше промовирано делото „Приказни од ‘петка’ “ на авторката Соња Драгољуб Гиздавиќ.

Станува збор за збирка раскази кои авторката ги има слушнато во текот на животот, инспирирани од секојдневни случки и настани раскажани од патници  возејки се во автобусоот со број 5 во Скопје, како што е и насловот на прозното дело.

– Инспирацијата за книгата всушност е мојот внук кој ја има дизајнирано корицата на книгата, а јас во неа ги сместив сите приказни кои случајно ги слушав од луѓе возејки се во автобусот со број 5 во Скопје – истакна Соња Драгољуб Гиздовиќ автор на делото.

Делото го промовираа м-р Доне Донев и м-р Габриела Стефановска, а извадоци од книгата читаа Љупка Јорданова и Анастасија Михаилова.

  И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: