Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа

Почитувани медиуми,

Ве известуваме дека пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа, со висина од 3,2 метри, кое се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново. Тоа е гнездото бр.1, според броењето на штрковите гнезда од страна на Здружението “Оризова братимка” од Чешиново, кое го извршивме во 2019 година. Чешиново е дел од општината Чешиново-Облешево, која е прогласена за Европско село на штркот за 2013 година.

Оваа вест нека биде некакво освежување во мноштвото вести поврзани со корона вирусот.

Со почит,

Јорданчо Лефков

Здружение “Оризова братимка” Чешиново

Сподели: