Притисоци врз учениците и вработените во СОУ „Гошо Викентиев“ во врска со иницијативата за бојкот на наставата како револот против загадениот воздух во Кочани

Учениците и вработените од СОУ„Гошо Викенитев“ Кочани добија забрана од директорот на учлиштето Гоце Савев  да учествуваат на било каков бојкот на наставата и искажување на револт во врска со загадениот воздух во Кочани.

Претходно  во училиштето било истакнато соопштение од непознат извор преку кое учениците и наставниците се повикувале на организиран бојкот на наставата.

На ова реагирал директорот кој преку соопштение  им се заканил  дека иницијаторите на овој настан ќе бидат пронајдени и  казнети со дисциплинска мерка, исклучување од училиштето. Воедно стои во соопштението дека наставниот кадар не смее да даде поддршка на ваквата иницијатива , а секој кој ќе е осмели ќе сноси соодветни санкции.  Поради ова за в понеделник е закажан Наставнички совет на кој ќе се разговара за изрекување на дисциплински мерки   на учениците во врска со настанот.

Ваквиот пристап од страна на директорот наиде на остри  реакции од страна на граѓаните во Кочани.  Правото на протест и мирно собирање е уставно загарантирано право и никој не може да го ограничи.

За слични  закани градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес ја разреши директорката на СУГС „Никола Карев“  Скопје , а граѓаните очекуваат соодветна реакција  во врска со случајот и од локалната власт во Кочани.

Сподели: