Почитувани колеги риболовци, Ве информираме дека на езерото Гратче-Кочани од 25.09 до 27.09 ќе се одржи ГРАДЧЕ БОИЛА КУП 2020.
КОТИЗАЦИЈА : 3000 ден.
Лимитирано на 15 позизии.
Награда пехари и награди од спонзори за првите три места и за најголема риба.
Сумата која ќе се собере од уплатената котизација ќе биде наменета за порибување на Езерото Гратче.
Краен рок за уплата 15.09.2020 год.
ПРОГРАМА:
• Пристигнување на збирно место Еуро Хотел Градче (Нов мотел) најдоцна до 07:30 часот
• Влечење на позиции во 08:00 часот. За екипите кои ќе задоцнат а имаат пријавено и платено котизација за учество во нивно име влечат позиција еден од судиите.
• 25.09 во 12:00 часот почеток на натпреварот.
• 27.09 во 12:00 часот крај на натпреварот.
Прогласување на победник,доделување на награди и дружба ќе се одржи на терасата на хотелот.
НАПОМЕНА : За транспорт на опремата до позициите, екипите ќе имаат помош од членови на друштвото Кочански Рибар.
ПРАВИЛА:
• Екипата се состои од три члена и сите тројца се рамноправни.
• Дозволено е да се лови со 4 крапски трски со должина 13f или 4 м.
• Резервните трски не смеат да бида свртени кон позицијата за риболов.
• Конецот кој се користи не смее да биде потенок од 0,25мм
• Подвезот не смее да биде подолг од 30см.
• Дозволен системот на оловото е подвижен или полуфиксен.
• Минимална тежина на оловото е 50гр.
• Се лови по правилото една трска со една јадица.
• Дозволено е да се користи еден стап за маркер кој ќе биде поставен паралено со обалата.
• За мамци се дозволени САМО боили во сите димензии, како и поп-ап боили.
• Забрането е користење на зиг-риг,лепење паста на олово или околу мамецот.
• Дозволена количина на боили по екипа се ограничува на 10кг.
• Хранењето е дозволено за цело време на натпреварот и тоа исклучиво со: кобра,чатал,ПВА мрежа,ПВА вреќа,ПВА трака и ПВА конец.
• Боилите може да се дробат и сецкат и да се стават во ПВА материјал.
• Задолжително е за секоја екипа да има душек или када за прифаќање на рибата
• За чување на рибата во сакови е дозволено една риба во еден сак.
Доколку некоја екипа во текот на натрпеварот има повеќе риби а немаат доволно сакови може да побараат од судиите вонредно мерење.
• За риба над 10кг е задолжително мерење веднаш.
• Секоја риба под 1,5кг. не се бодува
• Мерењето ќе биде двапати дневно и тоа во 07:00 и во 19:00 часот. На мерењето мора да присуствува и член на соседна екипа.
• На секоја листа мора да има потпис од: член на екипата на која се мери уловот,судијата и на член од соседната екипа.
• Во случај на иста вкупна тежина на фатена риба за конечен пласман одлучувачки е уловот на најтешката риба.
СРЗЕК Кочански рибар-Кочани