Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани бележи зголемена потрошувачка на вода, за време на забраната за движење, а особено во текот на изминатиот викенд карантин.
Поради зголемениот проток на вода, деновиве се појавиле дефекти на водоводната мрежа, а утринава екипи на комуналното претпријатие санираа проблем во близина на „Двојнит мост“ во Кочани.
Директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров апелираше граѓаните да бидат трпеливи поради периодичното запирање на вода во одредени зони, се со цел санирање на настанатите дефекти.
На денешната седница на Општинскиот кризен штаб, Киров информираше дека Градскиот водовод испорачува максимални 195 литри вода во секунда, со што е постигната горната граница на испорака. Исто така упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за време на претстојниот 85 – часовен викенд карантинт, заради избегнување на несакани рестрикции за време на пандемијата од КОВИД-19.
Викендот, службите од КЈП „Водовод“ ќе продолжат со собирање на комуналниот отпад, а оттаму додават дека периодов граѓаните одложуваат трипати повеќе смет од претходно.
Поради ова, во деновите што следат, а заради опслужување на сите домаќинства, вработените во комунална хигиена ќе го ограничат собирањето на сметот и тоа отпадот од кантите на домаќинствата и плус дополнителни две вреќи.
И.Матеничарски
Фото: А.Арсов