Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба , откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба на целата територија на државата.
Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активнсти и ажурираните планови за постапување во иднина.
Во ваква ситуација Владата има право да донесува уредби кои имаат сила на закон, а со нив можат да се ограничат одредени права и слободни на граѓаните.
Ова е прв пат Македонија да прогласи вонредна состојба.