Продолжен рокот за пријавување на повикот за обука за економско јакнење на жените

Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од Општина Кочани на обуки за развој на следниве вештини и знаења: Развој на бизнис идеја и бизнис план, Претприемништво и менаџерски вештини, Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.

Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women  „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да аплицираат за една или повеќе од обуки.

Обуките се однесуваат на: развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини за вработување.

Овие обуки имаат за цел подобрување на пристапот до пазарот на труд и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.

Обуките ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022.

 Рокот за пријавување е 27 декември, 2021 година до 16:00 часот.

 Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“.  Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)

Линк до конкурсот со клик ОВДЕ.

Општина Кочани

Сподели: