Продолжуваат кражбите во Кочани – ноќеска ограбена аптека во центарот на градот

Продолжува низата кражби во Кочани откако ноќеска околу три часот по полноќ разбиена и ограбена е аптека во централното градско подрачје во Кочани.

Станува збор за познат ланец-аптеки, со продажен објект лоциран на ул. „Кеј на револуцијата“, откаде според неофицијални извори крадците влегле во објектот со кршење на стакло од вратата на аптеката при што ги украле касите за пари од аптеката.

Интернет-порталот „Гласно“ периодов пишуваше за зголемен број на кражби на подрачјето на Кочани, откако граѓани и стопанственици  реагираа  дека периодов зачестени се кражбите врз продажни објекти при што најчесто се крадат цигари, пари и друга вредна стока. Тие тогаш посочија дека според нивни информации, кражбите  ги вршат организирана група на малолетници кои ја користат некоординираноста на инстутициите и законската заштита како малолетни лица и крадат без да бидат казнети и испратени во соодветна установа.

Граѓани и стопанственици уште еднаш, преку медиумите побараа соодветна заштита од надлежните институции за откривање, казнување на сторителите на кривичните дела и обештетување.

И. Матеничарски

Сподели: