Продолжуваат натпреварите од Петровденскиот турнир во мал фудбал

Синоќа на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одиграа натпреварите од групите Б и В на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022.

На дуелите се сретнаа екипите на  „Ауто Велт“ и ПЈЗ „Панов“ и „Македонија“ – „ВЛТ“ – Грдовци, додека натпреварот „Адренико“ – „Пролет“ не се одигра поради отсуство на играчите од тимот „Адренико“.

Резултати:

„Ауто Велт“ 4- 0 ПЈЗ „Панов“ (Б)

„Македонија“ 1 – 8 „ВЛТ“ – Грдовци (В)

„Адренико“ 0 – 3 „Пролет“ (службено)

Натпреварите од турнирот продолжуваат денес, 2  јули  кога ќе се сретнат екипите на:

20 ч. „Пјаца“ – „Антура“

На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат  14 екипи, распоредени во четири групи.

На турнирот ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.

Финалето на турнирот е закажано за 12 јули на празникот Петровден.

Турнирот е во организација на  Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани). 

И. Матеничарски

Сподели: