На повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ вечерва се одиграа закажаните дуели од првото коло од групите В и Г на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022.
На натпреварите се сретнаа екипите на „Македонија“ – „Пролет“, „Адренико“ – „ВЛТ“ – Грдовци и „Еволушан“ – „Детелинка“.
Резултати:
„Македонија“ 3 – 3 „Пролет“ (В)
„Адренико“ 2 – 8 „ВЛТ“ – Грдовци (В)
„Еволушан“ 3 – 0 „Детелинка“ (Г)
Натпреварите од турнирот продолжуваат в четврток, 30 јуни кога ќе се сретнат екипите на:
19 ч. „Џинџер“ – „Антура“ (А)
20 ч. „Виктори“ – „Масив Дизајн“ (Б)
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски