Продолжува бетонирањето на пристапни патишта и улици

Продолжува бетонирањето на пристапните улици во градот и населените места, краци кај кои од различни причини е оневозможено асфалтирање.

Се бетонираатдва крака на улицата „Маршал Тито“ во Оризари и крак на улицата „Јанка Стоименова“.

Бетон е послан и на уличен крак од 200 м во селото Тркање, а завршија работите и на крак од улицата „4 Македонска бригада“ во Кочани.

Неделава во Грдовци е бетонирана улицата „Питу Гули“ во должина од 150 метри, како   и последниот уличен крак во селото Мојанци.

Во наредниот период за бетонирање се подготвуваати крак на улицата „Скопска“ во Кочани и пристапна улица во селото Долни Подлог.

Активностите за бетонирање на пристапни патишта и улици се реализираат според Програмата за уредување на градежното земјиште, а со наменетите 3,1 милион денари, се очекува годинава да се бетонира вкупна површина од 3 500 метри квадратни.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial