Продолжува изградбата на патот Оризари–Добра Вода

Механизацијата на градежната фирма „Бетон“ се врати на локалниот пат Оризари–Добра Вода. Градежните активности кои запреа поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, продолжуваат со пробивање, рамнење и проширување на теренот.

Изведувачот ги користи поволните временски прилики за довршување на подготвителните работи на втората половина од патотдолг 2 километри. Се третираат карпестите површини кои се околу 30 % од оваа сообраќајница.

Асфалтирањето на патот што води до локалитетот Добра Вода, каде што се наоѓа манастирот „ПресветаБогородица“,е со проектна Центарот за развојна Источниот Плански Регион и со средства одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Жителите на Оризари имаат разбирање за состојбата и по надминувањето на здравствената криза очекуваат што поскоро по асфалт да се упатат кон познатото излетничко место, кое е посетено во текот на целата година, а за време на манастирската слава собира и неколку илјади верници и гости од регионот и пошироко.

Сподели: