Продолжува културната програма на библиотека „Искра“ по повод Меѓународниот ден на литературата за деца

Продолжува програмата на ЈОУБ „Искра“ во рамки на Фестивалот на децата, книгите и музиката по повод одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца.

На програмата на библиотеката денеска се одржа Едукативна работилница – „Културното наследство низ детскиот книжен фонд“ на кустос, советник Илинка Атанасова од Археолошкиот музеј на Македонија, наменета за дечињата од ДГ „Павлина Велјанова“.

Во големата сала на Мултикултурниот центар беше промовирано делото „Моите приказни“ од писателот за деца, Киро Донев. Делото го промвираше проф. доц. Ана Витанова Рингачева, а свој придонес во промоцијата дадоа и учениците од ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Крсте П. Мисирков“ – Оризари.

Културната програма на библиотеката „Искра“ продолжува в четврток, на 31 март. Издавчката куќа „Антолог“ организира Саем на книгата, а стручно излагање за есенцијалните вредности на книжевноста за деца ќе има проф. д-р, Кристина Николова. Во рамки на настанот ќе биде промовирано и делото за деца, „Дете, тоа гордо звучи“ од проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска со поддршка на учениците од ООУ „Малина Попиванова“.  Уметничкиот дел на настаните ќе биде збогатен со изведба песната „Чукни во дрво“ од групата „Леб и Сол“ од страна на учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“, а ќе бидат врачени и благодарници на соработниците – поддржувачи на манифестацијата.

На затворањето на фестивалот, в петок на 1 април,  ќе бидат промовирано делото „Девојчето Тара и волшебното дрво“ на црногорскиот писател за деца Жарко Вучиниќ, а ќе биде отворена изложбата на ликовни творби „Со книгата учам и патувам“ насликани од корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Во рамки на фестивалот, в петок ќе биде отворена и изложбата на дела на учениците од Школата за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“  – Кочани.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: