Продолжува ноќното скијање на Пониква, на 11 февруари на ски патеките 1 и 3

Продолжува ноќното скијање на Спортско рекреативниот центар „Пониква“.

Љубителите на зимските спортови утревечер 11 февруари, петок, ќе имаат можност да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеките 1 и 3 на СРЦ „Пониква“ се целосно израмнети и подготвени, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:00 ч. Цената на билетот за ски-лифтот е 500 денари. Посетителите дополнително можат да изнајмат опрема за скијање или санкање.

Сподели: