Продолжува ноќното скијање на Пониква

И оваа среда (24.02.2021) ски-патеките на  СРЦ „Пониква“ ќе бидат отворени за љубителите на зимските спортoви за ноќно скијање под рефлектори.

Ноќното скијање е закажано во периодот од 17:00 до 20:00 ч на ски-патеките 1 и 3 на спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

Картата за ски-лифтовите ќе се продаваат по промотивна цена од 400 денари по лице, се со цел максимално да се искористи снежната покривка на Пониква која можеби е и последна за оваа скијачка сезона.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial