Продолжува редовното пријавување на баратели на работа во Агенцијата за вработување

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) од 15 септември продолжува со редовното пријавување на барателите на работа и тоа на секои 30 дена за активните , односно на секои 6 месеци за пасивните баратели на работа.

Секое невработено лице кое има оставено телефонски број ќе биде контактирано по смс порака за точнот датум кога треба да се пријави до надлежниот Центар за вработување или дисперзирана канцеларија. Лицата кои немаат оставено точен контакт број и немаат добиено смсм порака, потребно е да се пријават во Центрите во следните 30 дена.

Од АВРМ ги замолуваат барателите на работа да го почитуваат наведениот термин во смс пораката, кој е системски изгенериран. Воедно, напоменуваат дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.

И.Матеничарски

Сподели: