Проекција на филмот „Нешто слатко“ во НУЦК „Бели Мугри“

Драги наши,

филмот НЕШТО СЛАТКО доаѓа со своја премиера овој месец и во Кочани.

Романтичната комедија со свои кино проекции Кочанчани ќе ја имаат можноста да ја проследат викендов во големата сала на Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани на

14.09.2023 година- почеток 20 часот

15.09.2023 година- почеток 20 часот

16.09.2023 година- почеток 20 часот

Времетраење 90 минути

Влез 150 денари

Карти на билетара од 11.09.2023 година- понеделник.

За сите сладокусци на „Нешто слатко“ – во кино салите низ нашата земја

По премиерата во Љубљана на проекцијата на романтичната комедија „Нешто слатко“ во режија, сценарио и продукција на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, филмот на 6 мај 2023 година премиерно се се прикажа и во кино „Синеплекс“ – Скопје.

Во филмот „Нешто слатко“ главните ликови ги толкуваат нашите актери: Сашко Коцев во ликот на Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ како Каја, а филмот е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет.

За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него.

Во останатите главни улоги играат: Ула Фурлан, Оријана Џирото и Ранко Бабиќ.

НУЦК „Бели Мугри“

Сподели: