Пониква утрово осамна со пролетен снег, што во текот на ноќта паѓаше на Осоговските Планини и формираше снежна покривка.


Променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките места и планините ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70км/ч) најизразит долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали, додадоа од УХМР.
Додека ноќеска паѓаше снег на Пониква, ноќта во Кочани беше проследена со врнежи од дожд. Утрово и преку ден температурите според синоптичарите ќе се движат од 3 до 12 целзиусови степени.