Во рамки на годинешното Петровденско чествување попладнево во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирана поетската збирка „Кога тајно ги мамев чувствата“ од авторот Далибор Стојанов.
Промотор на книгата беше Александра Закова Цветков која даде осврт за авторот и неговото дело, додека модератор на настанот беше библиотекарот Верица Паунова Дамеска.
Поетската збирка на роднокрајниот автор Стојанов е второ негово дело.