Промена на прозорци на три јавни објекти во Општина Кочани

Неодамна започна промената на прозорци на неколку јавни објекти во Општина Кочани.

Станува збор за централната градинка „Павлина Велјанова“, Подрачното училиште „Никола Карев“ – с. Грдовци и Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани.

Во објектот на централната градинка „Павлина Велјанова“ изведбата е завршена, додека во останатите два објекта работата е во тек и треба да биде комплетирана до крајот на 2021 година.

Изведувач на проектот на сите три објекти е „Ми комерц“ – Кавадарци. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.900.000 денари.

Сподели: