Вчера, во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани во соработка со „ПАТ“, Здружението на граѓани за едукација и примена на алтернативни техники се одржа промоција на книгата „Патување низ телото“ чиј автор е Борче Јаневски.
Патување низ телото претставува прирачник за примена на терапевтски методи базирани на Традиционалната кинеска медицина.Делото дава приказ на компактен систем на алтернативни терапевтски средства,методи и техники,прикажани на уникатен и разбирлив начин онака како што авторот ги разбрал и доживеал низ своето патување во запознавање на функцијата на своето тело.
Пред присутната публика свое лично излагање имаше и самиот автор Борче Јаневски ,рецензентот на книгата а воедно и промотор на промоцијата на книгата проф.др.Тоше Крстев како и модератор Марина Глигорова.
ЈОУБ „Искра“ – Кочани