Промовирана поетската збирка „Патување“ од роднокрајниот автор Драги Трајчев

Во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани беше промовирана поетската збирка „Патување“ од роднокрајниот автор Драги Трајчев.

Атмосфера исполнета со духовна поезија низ претставен спој меѓу овоземниот и небесниот свет, инспирирана од богољубието, човекољубието и братољубието.

М-р Аника Илијевска Ѓорѓиева како рецензент ја промовираше поетската збирка, а промоцијата ја водеше Лидија Серафимова.

– Преубавата атмосфера беше збогатена со пијано изведбата на Макарија Иванова, изведбата на црковни песни од членовите на Црковниот хор при храм Св. Ѓорѓи, Кочани, прекрасните музички изведби од членовите на хорот при СОУ ,,Љупчо Сантов”-Кочани и изведбите на гитара на Ванчо Богоев-Џани. Дел од песните интерпретираа Силвана Јанева и Владо Павлов. Свое обраќање, со свое поучно слово имаше отец Петар Ампов. Гости, а воедно и презентери на свои лични творби беа дел од членовите на ЛК ,,Копнеж”, Славица Цеткова, Јане Атанасов, Христина Илијева и Ленче Стоименова, соопштија од ЈОУ Библиотека „Искра“.

Сподели: