Промовирана проект книгата по зоологија и анатомија од авторот Андреј Стојанов

Во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани вчера беше промовирана книгата „Збогатувањето на проектите на Андреј Стојанов по зоологија и анатомија“, во рамки на активностите по повод Месецот на книгата – октомври.

Промотороти на делото беа проф. д-р. Гордана Панова и проф.д-р. Тоше Крстев.

Неговата прва книга „Проект на Андреј Стојанов по зоологија и анатомија беше промовирана пред една година.

Модератор на промоцијата беше Тања Велкова, која воедно говореше и ги запозна присутните со животните активности на авторот Стојанов.

Авторот Андреј Стојанов е роден 1994 година во Кочани. При раѓањето се разболува од менингит, а тоа остава голема траума врз неговиот организам и на целокупното негово здравје. Поради здравствената состојба во која се наоѓал Стојанов останува без основно и средно образование. Со основната писменост и молитвено, првославно-христијанската духовност се стекнува од поуките на неговите мајка и баба.

Сподели: