Промовирана стихозбирката „Кукла на конец“ на авторката Ивана Крстова

Во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани вечерва беше промовирано поетското дело „Кукла на конец“ на авторката Ивана Крстова.

Делото е првенче на авторката Крстова чиј промотор беше професорот по македонски јазик и литература, Александар Димитров.  Промоцијата беше збогатена со презентирање на стихови од поетската збирка.

– Ова е нејзино прво дело со што Кочани и библиотеката се збогатија со уште едно творечко име во бројната и квалитетна книжевна, роднокрајна сцена.Честитки за младата поетеса Ивана и посакуваме уште многу книже дела, истакнаа од „Искра“.

И. Матеничарски

Сподели: