Кочанчанецот Мартин Милев (Martix) во соработка со Драган Иванов (Druggy) денеска ја промовираа песната „Шесто Сетило“, објавена во мини албумот „Рап Про дел први“, подготвен од Културно социјален простор Центар-Јадро.
– „Druggy слушатели!! Огромна чест ми е да ја споделам со вас „Шесто Сетило“ во соработка со Dragan Ivanov (Druggy) како дел од „Рап про дел први“ во соработка со КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro.Слушнете, споделете и вклучете го шестото сетило“, истакна Милев.
„Рап Про дел први“ е мини албум подготвен од Културно Социјален Простор Центар-Јадро.
Во проектот се избрани шест финалисти од рап демо конкурсот што беше објавен во октомври 2020 година.
Сподели: