Вчеравечер во Мултикултурниот центар во Кочани беше промовирана книгата „Византија и Русија од појавата на Русија до смртта на кнезот Владимир“ од роднокрајниот автор, м-р Иле Велков.
За делото говореше д-р Александар Атанасовски, професор на Филозофскиот факултет – Скопје, Институт за историја.
На промоцијата присуствуваше и третиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација, Игор Хопрјачков.
Промоцијата е дел од 30. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз, 2021“.