Промовирано делото ,,Книжевни портрети и рецензии” од Славица Цветкова

Во ЈОУ Библиотека „Искра“ вчера во Кочани беше промовирано делото ,,Книжевни портрети и рецензии” од роднокрајната авторка Славица Цветкова.

Вредно книжевно дело во кое се поместени портрети, рецензии и творби од кочански, роднокрајни автори.

Промотори на делото беа  м-р Габриела Стефановска и Иван Котев, стихови прочитаа роднокрајните автори Ивана Крстова и Јане Атанасов.

Уметничкиот дел на настанот беше доверена на ученците и професорите на ОМУ ,,Ристо Јуруков”, кои со музички нумери ја разубавија промоцијата.

Делото е во издаваштво на „Европа 92“  и поддршка од Општина Кочани.

Промоцијата е во рамки на 32.издание на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз.

Сподели: