Промовирано делото „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ од авторката Славица Цветкова

Одбележувањето на Месецот на книгата го заокруживме со промоција на монографијата „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ од роднокрајниот автор Славица Цветкова.

Пред многубројната публика и семејството на Блажо Гошо Стојановски, беше претставен ликот и делото на Стојановски, преку поместените записи во книгата кои се резултат на оригинални архивски документи, истражувачката работа и интервјуа, дело на авторката.

Рецензент и промотор беше проф. Гордана Јефтимова, извадоци читаа роднокрајните автори Ивана Крстова и Јане Атанасов.

Промоцијата беше збогатена со изведба на музички нумери од страна на роднокрајната авторка Блашка Стојкова, а низ промоцијата не водеше библиотекар Верица Паунова Дамеска.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

Сподели: