Во просториите на ЈОУ „Библиотека „Искра“ во Кочани вчера беше промовирана книгата „Под фенерот на Диоген“ од авторот Јане Атанасов .

Модератор на промоцијата беше авторката Славица Цветкова, додека повеќето напишани рецензии ги читаа Доне Донев и Ацо Георгиев.
Афоризми од книгата читаа Ленче Стоименова и Ристо Филчевски.

Промоцијата е дел од годинешната програма на манифестацијата Денови на Кочанскиот ориз 2022.
