На 13 декември (среда), во 19 часот, во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани со поддршка на Ротари клуб Кочани-Виница, во Мултикултурниот центар Кочани, се одржа промоцијата на книгата „Радоста на постоењето“ („Паблишер“), од авторката Симона Петреска.
Станува збор за мотивациска книга од жанрот популарна психологија, за која промотор беше Љупка Стојменова.
Авторката Симона Петреска, тргнувајќи од своите лични искуства, преку книгата, но и во својата работа како дипломиран педагог, мотиватор и животен тренер, ги поттикнува луѓето да зачекорат во животот полни со инспирација и да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.
На промоцијата, за која имаше голем интерес, на интерактивен начин беше претставена суштината и содржината, авторката посочи на радоста и суштината на постоењето, на која веруваме дека секој кажан збор ќе има своја крајна цел-да ги инспирира слушателите и читателите да станат главни мотиватори за позитивни промени во своите животи.
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани