Промовирано делото „Употребата на македонскиот јазик во јавното општење во медиумскиот простор во Кочани и Кочанско – состојби и перспективи“ од м-р Љубинка Ајтовска

Денеска, во Центарот за култура „Бели мугри“ беше промовирано делото  „Употребата на македонскиот јазик во јавното општење во медиумскиот простор во Кочани и Кочанско – состојби и перспективи“ од м-р. Љубинка Ајтовска.

Книгата отсликува една состојба за начинот на употреба на македонскиот јазик, почитувањето на стандардната јазична норма и улогата на дијалектите и разговорната јазична форма во медиумите во Кочани и Кочанско.

Со примери од конкретна средина се сопоставени нормата и практиката, со што се поставени во директен сооднос јазикот и нивото на свесноста за сопствениот јазик од корисниците, наспрема насоките и препораките на лингвистите.

Делото го промовираа проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Марија Соколова и м-р Доне Донев.

Издавач на книгата е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

И.Матеничарски

Сподели: