Промовиран романот за деца „Мечето Мери Ум“ од Трајче Кацаров

Во НУЦК „Бели Мугри“ денеска беше промовиран романот за деца „Мечето Мери Ум“ од  писателот Трајче Кацаров.

Промоцијата на романот се реализираше во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца на која присуствува ученици од четврто одделение од ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Раде Кратовче“.

– Романот е пишуван во духот на романите во кои се бара во светот да завладеат разумот, срцето и вистината. Значи во приказната треба да се сообразиме со амбиентот од делата на просветителите, од делата чии содржини почиваат на авантуристичките и бунтовни природи на главните ликови. Содржината на романот е интимна исповед на мечето Мери Ум. Накратко, ова е приказна со еколошка порака. Истата треба да не потсетува, не само одвреме-навреме, туку постојано, дека мора да сме свртени не само кон себе , туку и кон природата мајка и кон нашите браќа и сестри од другите биолошки единки – истакна на промоцијата авторот Кацаров.

Книгата пред учениците ја промовираше новинарот Иван Бојаџиски. Делото е во издаваштво на издавачката куќа „Просветно дело“ – Скопје.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: