Промовиранo музичкото дело „Кочаничива“  од Martix

Ден пред Нова Година, кочанчанецот Мартин Милев Martix ја промовираше својата нова песна „Кочаничива“.

Делото е авторски текст на Милев, во продукција на Емил Милев, микс на „Druggy“, а поддршка во снимањето дадоа Лука Кантарџиев и фото обработка на Јовица Рафајловски.

– Кочаничива е песна која со години стоеше во фиока, напишана и снимена првпат некаде пред короната. Со години ја настапувам скоро на секој настап, а многу луѓе потоа ја бараат за слушање. Затоа решив да ја изолирам од сите замислени проекти и ја објавам како сингл.Песната настана во период на опседнување со Коничива од Скепта, кога почнав да ги малтретирам сите околу мене да ми направат грајм инструментал. Емил (BlackWell) беше оној кој најсериозно ми ја сфати потребата и го направи инструменталот, инаку негов прв обид за правење на рап инструментал, истакна авторот Милев.

Претходно Martix објави два албуми со песни „Буден сонувам“ и „Never Amore“.

И. Матеничарски 

Сподели: