Промоција на книгата „Употребата на македонскиот јазик во јавното општење во медиумскиот простор во Кочани и Кочанско – состојби и перспективи“ од Љубинка Ајтовска

Во вторник, 24 декември 2019 година, во 12 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде промовирана книгата „Употребата на македонскиот јазик во јавното општење во медиумскиот простор во Кочани и Кочанско – состојби и перспективи“од Љубинка Ајтовска.

Книгата отсликува една состојба за начинот на употребата на македонскиот јазик, почитувањето на стандардната јазична норма и улогата на дијалектите и разговорната јазична форма вомедиумитево Кочани и Кочанско.

Со примери од конкретната срединасе сопоставени нормата и практиката, со што се поставени во директен сооднос јазикот и нивото на свесноста за сопствениот јазик од корисници, наспрема насоките и препораките на лингвистите.

Издавач на книгата„Употребата на македонскиот јазик во јавното општење во медиумскиот простор во Кочани и Кочанско – состојби и перспективи“е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

Делото ќе го промовираат проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Марија Соколова и м-р Доне Донев.

Промоцијата ќе се одржи во Изложбениот салон на катот во Центарот за култура „Бели мугри“.

Сподели: