Полицијата од Кочани вчера привела две лица, бидејки при претрес кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Како што соопштија од полицијата „На 24.07.2021 околу 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Џ.С.(20) и Е.А.(18), двајцата од Кочани. При претрес кај нив и во домот на Џ.С., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.
МВР