Пронајдена и одземена марихуана, бела грутчеста материја, таблети и грендер во Кочани

На 18.12.2024 околу 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(23) од Кочани.

При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, таблети и грендер.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот,против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Сподели: