Пронајдена неексплодирана граната во Спанчево

Стара неексплодирана граната била пронајдена во дворот на семејната куќа на 48-годиншна жителка на селото Спанчево.

Според информацијата од полицијата, „На 21.02.2021 во 17.50 часот во СВР Штип, В.К.(48) од с.Спанчево, кочанско, пријавила дека во дворното место во с.Спанчево, пронашле стара неексплодирана граната. На 22.02.2021 во 09.30 часот од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата со калибар 62 мм била подигната и преземена за понатамошна постапка“ стои во соопштението на СВР-Штип.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial