При претрес пронајдена прашкаста материја кај 20 – годишник од Кочани

На 15.04.2022 во времето од 15,00 до 16,00 часот во Кочани по претходна судска наредба од Основен суд Кочани од полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани се лишени од слобода С. А.(20) и Н. А.(21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот на С.А. во Кочани пронајдена и одземена е прашкаста материја и други предмети.

За настанот е  известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Дневен билтен на МВР

Сподели: