Полицијата од Кочани го пронајде лицето кое се обиде да ја силува 86-годишната старица од Кочани.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Т.(20) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ и „разбојништво“.
На 26.06.2020 околу 00.00 часот во Кочани, пријавениот влегол во домот и се обидел да изврши обљуба над 86-годишна жена, а потоа физички ја нападнал и одзел пари и предмети.